Ал Пачино на опуштена прошетка во Беверли Хилс

Al Pacino 1 1.jpg

Тој се врати дома во Лос Анџелес, откако помина неколку недели во Италија на снимање на филмот The House Of Gucci („Куќата Гучи“) на Ридли Скот.

А во вторникот, холивудскиот ветеран Ал Пачино (81) беше забележан во Беверли Хилс. облечен во лежерен црн комплет и долг шал со реси.

Најновата улога на Пачино е како потомок на модната куќа, Алдо Гучи, чиј внук Маурицио беше убиен во 1995 година, а убиството го нарача неговата поранешна сопруга Патриција.

Адам Драјвер игра во улогата на Маурицио во филмот, а Лејди Гага како Патриција, која отслужи 16 години затвор за организирање на убиството.

Снимањето се одвиваше во Рим и Милано. Техничката екипа и актерите беа сместени во ексклузивната вила Д’Есте на брегот на езерото Комо.

Related posts

Мини чантите на шпанската модна куќа Loewe со уште помала димензија

CityLife

Дневен хороскоп за 14 мај 2026 година

CityLife

Пет здрави пијалоци за намалување на нивото на холестерол

CityLife