Наоми Кембел и на 50 години доминира на модните писти

По речиси 35 години на модната писта, британскиот супермодел Наоми Кембел е сè уште едно од најголемите имиња во модата.

50-годишниот супермодел, кој се прослави во ’90 -тите, покажа дека малку се променило во нејзините три децении во модната индустрија кога минатата недела ја затвори ревијата на Мајкл Корс во Њујорк.

Наоми, која го доби препознатливиот прекар Црн Пантер, започна да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст и докажа дека децении подоцна таа сè уште ги освојува модните писти.

На ревијата на Мајкл Корс, таа помогна во одбележувањето на 40-годишнината на брендот. Виртуелното шоу беше своевидна „ода на Бродвеј“ со модели кои ја претворија West 45th Street во Менхетен во своевидна модна писта. Наоми ја затвори ревијата во црн фустан со должина до подот во комбинација со палто.

Наоми е една од најдолговечните и најплатени модели в светот, со над 40 милиони долари на својата штедна книшка. Таа порасна во Стретем, сиромашно јужно предградие на Лондон.

Црниот пантер сè уште ги освојува модните писти, и важи за една од најдрските личности во светот на модата.

Related posts

Скарлет Јохансон се придружи на критиките за „Златните глобуси“

CityLife

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

CityLife

Новиот филм на Шон Пен ќе биде премиерно прикажан на Канскиот фестивал

CityLife