Скарлет Јохансон се придружи на критиките за „Златните глобуси“

Скарлет Јохансон им се придружи на острите критики кон телото што стои зад наградите „Златен глобус“ во врска со тоа како планира да се справи со дискриминацијата.

Актерката во саботата со изјава го осуди Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА) и ги повика нејзините колеги да ѝ се придружат во прекинот на соработка или било каков ангажман за свеченоста „Златни глобуси“.

Таа се осврна на претходни средби со „ХФПА“, кои според неа, биле на граница на сексуално вознемирување, и рече дека Здружението „го озакониле луѓе како Харви Вајнстајн“.

Ѕвездата од А-листата ги охрабри своите колеги на сличен начин да се повлечат од соработката со ова тело.

Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), организатор на наградната церемонија, оваа година доби многу критики за недостаток на диверзитет и за нетранспарентност во работата.

Претходно оваа недела, телото гласаше за реформи за проширување на своето членство.

Но, Јохансон е меѓу sвездите како и други фигури во забавната индустрија кои велат дека сè уште има потреба од „фундаментална реформа“.

„Златните глобуси“ се на второ место по „Оскарите“ што се однесува на профилот, но организаторите се обвинети за дискриминаторски практики и други етички пропусти.

Во февруари, статија во „Лос Анџелес Тајмс“ откри дека меѓу 87-те членови на организацијата кои гласаат за наградите нема афроамериканци.

Оваа недела, HFPA најави пакет реформи во обид да ја прикаже својата заложба да ја направи организацијата поинклузивна.

Реформите вклучуваат проширување на членството, со акцент на регрутирање членови афроамериканци, и ангажирање на советници за диверзитет. Исто така, најави промени во однос на тајноста и строгите правила за прием.

Related posts

Анџелина Џоли радикално ја промени фризурата, повеќе не е бринета

CityLife

„Брзи и бесни 9“ постави рекорд на киноблагајните во САД и Сингапур

CityLife

Овие необични симптоми укажуваат на анемија

CityLife