Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година

Тејлор Свифт го сруши рекордот на топ листите поставен од „Битлси“, откако нејзината реиздадена верзија на Fearless  се најде на првото место на официјалната табела за албуми.

31-годишната музичарка успеа нејзиниот трет албум Fearless (верзија на Тејлор) да се искачи на врвот на топ-листата само 259 дена по успехот на Folklore (31 јули) и Evermore (18 декември), што значи дека сега го држи рекордот за најбрза акумулација на три албуми број 1 на табелата во Велика Британија.

Пред Тејлор да го постигне ова, „Битлси“ – легендарниот бенд кој го сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар – го држеа рекордот 54 години со три албуми на место број еден 364 дена (1965- 1966). Тоа беа албумите Help! , Rubber Soul и Revolver.

Related posts

Ким Кардашијан зрачи со сексапил во мини фустан со цреши

CityLife

Јога за лице: Ја затегнува кожата и прави да изгледате помлади

CityLife

Љубов на Евровизија: Норвежанец се вљуби во Азербејџанка, а таа му остави тајна порака

CityLife