Ким Кардашијан зрачи со сексапил во мини фустан со цреши

44844279 0 image a 22 1625017738708.jpg

Ким Кардашијан ги покажа своите облини кога излезе на прошетка во Рим во вторникот вечерта.

40-годишната реалити ѕвезда внесе доза на забавен и игрив темперамент во својот летен стил, одбирајќи парче на кое на многумина омиленото овошје е аплицирано како принт.

Таа на себе има мини фустан со цреши во комбинација со кафеави сандали со отворени прсти и вкрстени ремчиња околу ногата.

Изгледот го дополни со кармин за усни со мат ефект, а на главата има црна капа на која има лист марихуана на предната страна.

Ким делува расположена додека е на одмор во италијанската престолнина среде бракоразводна постапка. Таа изгледа подобро од кога било по разделбата од Канје Вест, но се чини и раперот продолжи понатаму. Тој реши да тргне по својот пат во друштво на супермоделот Ирина Шајк.

Related posts

Давид ги замоли медиумите да не му прават проблеми со објавуавње на невистинити наслови !

CityLife

Симптоми кои укажуваат дека имате алергија на храна

CityLife

Научниците се убедени: На Европа и се заканува ледено сценарио

CityLife