Дон Џонсон се подготвува за рестартирање на „Неш Бриџис“

Тој стана славен како прикриен полициски детектив Џејмс „Сони“ Крокет во хит-серијата од 80-тите „Пороците на Мајами“.

И сега Дон Џонсон враќа уште еден од неговите омилени ликови од малиот екран – инспекторот Неш Бриџис, кој ја води специјалната единица за истраги при полицискиот оддел во Сан Франциско.

А ќе му се придружи и Чех Марин во улогата на Џо, негов пријател и колега во специјалната истражна единица во оригиналната серија.

71-годишниот Џонсон беше гостин во шоуто на Елен Деџенерис во средата и потврди дека во моментов се подготвува заживување на серијата која траеше шест сезони од 1996 до 2000 година.

Related posts

Саем за козметика, нега на коса и естетика “Beauty Expo 24” по вторпат во Скопје

CityLife

Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на средина – на 84. место

CityLife

Дали вијаграта е нов лек за Алцхајмерова болест

CityLife