17-годишна девојка минатата година отворила профил на „Тик-ток“, а денес заработува повеќе од двајцата родители

Alicia Breuer.jpg

Алиша Бруер минатата годија ја симна популарната апликација за споделување видеа „Тик-ток“ за да се забавува во текот на бесконечната самоизолација.

Откако нејзините видеoзаписи почнаа да собираат милиони прегледи, не требаше многу време за ловците на профит да ја „намирисаат“.

За младата Британка ова било мала забава во екот на пандемијата. Ја открила апликацијата пред околу една година и, како што вели, никогаш не сонувала дека може да заработи толку многу пари од тоа.

Алиша Бруер има 17 години, живее во Милтон Кинс во Велика Британија и повеќе не гледа смисла во понатамошно образование кога може да заработи далеку повеќе вака. Таа повеќе не размислува да оди на факултет и моментално го стави во мирување, па ќе види како ќе се одвиваат работите.

Нејзините видеа станаа толку популарни што набрзо потпиша спонзорски договори со познати брендови како што се Lancome, Urban Outfitters, Boohoo

Тик-ток беше забавен за време на пандемијата, а сега заработувам по 10,000 фунти на ден, повеќе од моите родители заедно. Затоа, решив школувањето да го ставам на пауза и да се фокусирам на моите видеа. Некако веќе нема смисла да одам на факултет“ рече таа во интервју за „Мирор“.

Нејзините родители работат како финансиски советници, а таа, пред да стане сензација на интернет, планирала да студира психологија.

Покрај тоа што цитира зборови од познати песни или снима свои спотови со хитови во позадина, Алиша постира и кратки клипови со совети за шминка и облекување.

Младата Британка, иако заработува многу, вели дека е штедлива и не сака да троши пари, пренесува весникот „Сан“.

Related posts

Еве неколку намирници кои можат да ги влошат работите за време на сезонски алергии

CityLife

Објавен датумот на премиерата на „Билет за рајот“ со Џулија Робертс и Џорџ Клуни

CityLife

Стоматологот може да открие дали имате дијабетес

CityLife