130 тони домати летаа во воздух на Фестивалот „Ла томатина“

42k0kgys9vc4o04w4sg4gwgoo

Дваесет илјади луѓе, учесници на „Ла томатина“, еден од светски познатите фестивали во Шпанија, меѓусебно се расфрлаа со 130 тони домати.

Фестивалот кој годинава се одржува во местото Бунол во градот Валенсија, беше специфичен бидејќи се одржа по 75. пат и бидејќи се славеше 20-годишнина од неговото признавање како меѓународна туристичка вредност од страна на Министерството за туризам.

Во центарот на градот со шест камиони се донесени 130.000 килограми домати кои се употребија на фестивалот.

Се одржува секоја година во последната среда од август, а се одржува за првпат по 2019 година поради епидемијата на Ковид-19.

Точно во 12:00 часот на Плоштадот „Таун хол“, со самата најава дека започнува Фестивалот „Ла томатина“, полетаа и доматите.

На лицата кои влегоа на улицата каде што се одржува фестивалот не им беше дозволено со себе да носат остри или тврди предмети.

Дополнително на тоа, како и на изминатите фестивали, до учесниците беше упатено предупредување доматите да ги фрлаат откако ќе ги здробат со раце за да нема повреди.

Меѓународната репутација на фестивалот е зголемена во последните десет години. Вообичаено имаше гости од азиските земји. Но оваа година се забележува дека има малку туристи од Азија поради мерките за Ковид-19, но големо учество од европските земји.

На крајот на војната со доматите, улиците и реката што минува низ градот заедно со илјадници луѓе станаа црвени.

Related posts

Не претерувајте со прашања, првите училишни денови треба да бидат опуштени за децата

CityLife

Руски инфуенсер ја врзал својата девојка за покривот на автомобилот и ја возел низ градот

CityLife

Зошто во лифтовите има огледала?

CityLife