Џон Траволта ѝ оддава почест на покојната сопруга Кели Престон на Денот на мајката

1620644702 unnamed file.jpg

Џон Траволта во неделата (9 мај), првиот Ден на мајката откако неговата сопруга Кели Престон почина од рак на дојка на 57-годишна возраст, се огласи на Инстаграм за да ѝ оддаде емотивна почест на покојната Кели.

Споделувајќи фотографии од него и Кели со нивните деца, холивудската sвезда напиша: „Драга Кели, во мојот живот донесе три најпрекрасни деца. Ти благодарам. Те сакаме и ни недостигаш. Среќен ден на мајката.“

На првата од двете фотографии што ги сподели Траволта (67), се гледаат тој и Кели со ќерката Ела Блу, сега 21 година, и новородениот Бенџамин, кој сега има 10 години.

Втората фотографија ја покажува двојката со нивниот првороден син Џет, кој почина во јануари 2009 година на 16 години. Џет имал аутизам и претрпел низа епилептични напади уште како мал.

Траволта и Престон се венчаа во 1991 година. Тие се запознаа во 1987 година на снимањето на филмот The Experts (1989).

Related posts

Колку често користите јаболков оцет и што тој му прави на вашето тело?

CityLife

Медисон Марш една поинаква Мис на Америка

CityLife

Колку нечистотија содржи четка за коса?

CityLife