Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

Titanski Nosorog.jpg

Во северозападна Кина е откриен нов вид на праисториски гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата, објавија научниците.

Видот чиј латински назив е Paraceratherium linxiaense живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови.

Со главата можел да достигне висина од седум метри и да јаде од дрвјата, што го прави повисок од жирафа.

Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.

Во студија објавена во четвртокот во списанието Communications Biology, истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите, откриени во 2015 година, покажала дека тие припаѓаат на нов вид, различен од досега познатите џиновски носорози.

Целосно сочуваниот череп и вилица покажуваат сличност со денешниот тапир, е заклучокот на студијата предводена од Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг.

Новиот вид е поврзан со гигантските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека тие се движеле низ Централна Азија.

Носорозите слободно се движеле помеѓу северозападна Кина и индо-пакистанскиот потконтинент, што значи дека тибетската висорамнина во тоа време имала низински области, велат научниците.

„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.

Related posts

Пријавил дека има само 300 евра, цариниците на аеродром се изненадиле кога му го отвориле куферот

CityLife

Овие три симптоми се јавуваат наутро и може да бидат знак за рак

CityLife

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе биде достапна и во Азија на 27 мај

CityLife