Две вредни слики од 17. век најдени во контејнери на паркинг во Германија

952.jpg

Едно лице пронашло две многу вредни масла на платно, стари 350 години, во контејнери на паркинг во Германија.

„Сликите се пронајдени на постојка за одмор на патот А7, во близина на јужниот град Нирнберг“, објави германската полиција.

Човекот ги однел сликите во полицијата во Келн.

Првичните експертски проценки сугерираат дека и двете слики може да бидат оригинални.

Една од сликите може да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17. век, кој бил ученик на Рембрант.

Втората е најверојатно „Автопортрет на уметник“ од италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да откријат како овие два дела завршиле во отпад.

Полицијата ги објави сликите на Интернет, прашувајќи: „Кој ги препознава овие слики и кој знае како завршиле во отпад?“

Related posts

Синот на кралицата принцот Ендру ѝ подари кученце

CityLife

Психологијата зад повторното навраќање на исти филмови и серии

CityLife

Овие хороскопски знаци би можеле да се сретнат со љубовта на нивниот живот во текот на месец март

CityLife