Џејмс Франко со 2,2 милиони долари ја реши тужбата за сексуална злоупотреба

20210701 JamesFranco Instagram.jpg

Актерот Џејмс Франко постигна спогодба за случајот сексуална експлоатација и се согласи да им исплати сума од над 2 милиони долари на девојките кои покренаа тужба против него.

Франко беше тужен од две поранешни студентки во неговата академија за глума за несоодветно однесување и сексуална експлоатација. Академијата „Плејхаус вест студио 4“ беше отворена во 2014 година, но затворена три години подоцна.

Сара Титер- Каплан и Тони Гал, две студентки кои ја посетувале академијата за глума на Франко, покренаа тужба против него во судот во Лос Анџелес во 2019 година. Тие ги обвинија Франко и неговите партнери за „сексуализирање на нивната моќ како учители и вработувачи кои за да им дадат улога ги уценувале сексуално“.

И иако Франко минатата година тврдеше дека двете студентки биле „гладни за внимание“ и дека изнеле лажни обвинувања за да добијат публицитет, тој сега се согласи за спогодба со двете обвинувачки.

Според „Холивуд репортер“, Франко се согласил да плати 2,235,000 долари за решавање на тужбата, а договорот сега е доставен до судија во Лос Анџелес за одобрување.

 

Related posts

Американскиот лендер „засекогаш се исклучи“ по историското слетување на Месечината

CityLife

Зошто никогаш не треба да го носите вашиот мобилен телефон во тоалет

CityLife

Ал Пачино на опуштена прошетка во Беверли Хилс

CityLife