Џесика Симпсон станала осаменик откако се соочила со интензивно критикување на нејзиното тело кога била млада sвезда, а нејзината мајка Тина Симпсон сега изјави дека коментарите станале толку лоши, што Џесика не сакала да ја напушта куќата.
“Морам да бидам искрена: За мене најтешката работа со Џесика беше тежината, бидејќи начинот на кој луѓето ја проценуваа беше неверојатен. Исмејување на телото е страшна работа и ниту една девојка не треба да помине низ тоа,“ рече мајката на 40-годишната пејачка и актерка во емисијата „Тудеј“.
„Исмејувањето катапултираше различни емоции во нејзиниот живот. Тоа ја натера да се повлече во себе, да стане осаменик и да се крие, не сакаше да излезе од дома.“
Џесика претходно зборуваше за постојаниот надзор на јавноста над неа во своите мемоари „Отворена книга“, каде цитира свој напис во весник во врска со критиките за облеката што ја носела на концерт.
“Денес моето срце се крши затоа што луѓето велат дека сум дебела. Зошто допира до мене суровото мислење на овој свет?” наведува таа во написот што датира од 2009 година.