Џенифер Лопез го носи вереничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“

Таа е во нова романса откако ја прекина свршувачката пред само неколку недели.

Но, се чини дека Џенифер Лопез сака да задржи малку од минатото со оглед на тоа што сè уште го носи дијамантскиот прстен од екс-свршеникот Алекс Родригез во новата реклама за сопствениот бренд JLo Beauty.

51-годишната пејачка и актерка неодамна ја обнови врската со Бен Афлек, но извори за US Weekly изјавија дека новиот пар не сака да прејудицира ништо со ставање етикети.

Латино дивата очигледно ја штити повторно разгорената романса со Бен и не сака да расипе ништо со изјави во јавност, коментираат медиумите.

Related posts

Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на Дијана во палатата Кенсингтон

CityLife

На повидок нова романса: Рене Зелвегер во врска со британски презентер

CityLife

Придобивки од туширањето со ладна вода

CityLife