Најскап дом во Лос Анџелес! Имотот на Барон Хилтон во Бел Ер продаден за 61,5 милиони долари

36456520 0 image a 4 1621494634335.jpg

Импресивната хациенда на хотелскиот магнат Вилијам Барон Хилтон со 13 спални соби, 17 бањи и базен со олимписка големина е продадена за 61,5 милиони долари.

А според „Лос Анџелес тајмс“, тоа е најскапата продажба на куќа во Јужна Калифорнија оваа година.

Вилата во грузиски стил изградена во 1936 година се простира на два и пол акри во еден од најексклузивните и најскапи квартови во светот, Бел Ер.

 

Хилтон го купил имотот во 60-тите години на минатиот век и живеел таму сè до неговата смрт во септември 2019 година. Тој почина на на 91-годишна возраст.

Идентитетот на купувачот сè уште не е познат, објави „ЛА Тајмс“.

Покојниот Барон Хилтон беше син и наследник на основачот на „Хилтон хотели“, Конрад Хилтон.

Related posts

Овошје кое го намалува ризикот од остеопороза и го подобрува квалитетот на сонот

CityLife

Твитот на Гал Гадот за насилството меѓу Израел и Палестина предизвика војна на социјалните мрежи

CityLife

Фестивалот Коачела се врaќа во април 2022 година

CityLife