Џастин Бибер , Шакира, Мадона и групата БТС ќе настапат на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал

Fifa wc 26.webp.webp

„Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и јужнокорејската К-поп група БТС“, соопштија вчера организаторите на натпреварувањето.

За првпат во историјата, на полувремето на финалето на Светското првенство ќе биде организиран музички спектакл кој ќе трае 11 минути. Водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“.

„Се очекува Шакира да настапи заедно со Бурна Бој и заедно да ја отпеат спортската химна за оваа година „Дај, дај“, пренесе ЕСПН.

Покрај Џастин Бибер Шакира, Мадона и групата БТС, на полувремето ќе настапат и венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, хорот ПС22, составен од ученици од основното училиште на њујоршкиот Стејтен Ајленд, како и британската група „Колдплеј“.

Финалето на Светското првенство ќе се одигра на 19 јули во Њујорк.

Related posts

Во Белгија едно од 20 деца го повторува првото одделение

CityLife

Студија: Дебелите деца имаат поголем ризик од развој на мултиплекс склероза

CityLife

Британската влада ја повика нацијата да застане покрај Кејт: теориите на заговор не престануваат

CityLife