Нов бран лажни вести на „Тикток“

D0b5d183 D0b8 D181d0b5 D0b7d0b0d0bad0b0d0bdd0b8 D0bdd0b0 D0bcd180d0b5d0b6d0b0d182d0b0 D182d0b8d0bad182d0bed0ba D181d0be D181d0b0d0bdd0ba 63ca6d33525a5.jpeg

На „Тикток“ сѐ почесто се шират лажни теории на заговор за крајот на светот, повторно предупредуваат истражувачите, во деновите кога се појави уште една таква дезинформација.

„Сите ние веројатно ќе умреме следните неколку години. Дали сте слушнале за ова“, вели гласот што го имитира водителот Џо Роган во видео каде што се предупредува за астероид што наводно „се упатил“ кон Земјата и коешто прикажува „владин службеник“ пред мапа означена со „Чувај ја тајната од јавноста“. Се наведува дека овие видеа, наменети првенствено за споделувања, вообичаено се придружени со страшна или впечатлива музика во заднината, и многу често имаат милиони прегледи. Обично се генерирани од вештачка интелигенција, а понекогаш и со лажни лица и гласови на личности.

Непрофитната организација за заштита на медиумите, „Медија метерс“ (Media Matters) предупредува за новиот начин за заработка на „Тикток“ со видеа со многу споделувања, но и неосновани тврдења дека Американската влада „тајно го чува Кинг Конг“ и други митолошки чудовишта. Инаку, „Тикток“ е делумно забранет во САД.

Аби Ричардс, истражувачка за дезинформации, смета дека ширењето теории на заговор може да биде и парично наградено на „Тикток“.

– Финансиски охрабрувачките содржини што се доста привлечни, а евтини за производство, создаваат услови за „напредување на теориите на заговор“, изјави Ричардс во извештајот на „Медија метерс“.

Гласноговорничката на „Тикток“ инсистира на тоа дека „теориите на заговор не се погодни за монетизација“, за корисниците.

– Не се ни исплатливи и не се погодни за споделувања кај корисниците. Штетните лажни вести се забранети и нашите безбедносни тимови активно отстрануваат 95 отсто од нив и пред тие да бидат пријавени, изјави претставничката на „Тикток“.  

Related posts

Коцките мраз го чистат вашиот мијалник како никој друг

CityLife

Најлошиот спој на Патриша Аркет ѝ бил со осуден убиец

CityLife

Пет фактори влијаат на салото на половината

CityLife