Ќерката на Ед Ширан плаче кога тој пее

Ќерката на Ед Ширан плаче кога нејзиниот славен татко пее.

30-годишниот пејач стана татко за првпат минатата година кога заедно со сопругата Чери Сиборн ја пречекаа нивната ќерка Лира Антарктика.

И иако Ед е едно од најуспешните имиња во музиката во моментов, Лира не го сака неговиот ѕвезден вокал, и, како што вели музичарот, таа ја мрази неговата нова музика.

Во текот на гостувањето во емисијата „Децата поставуваат тешки прашања“ на Би-би-си Радио 1, тој рече: „Поминав часови и часови пред огледалото преправајќи се дека всушност сум ова што сум сега. Вежбањето прави чуда. Сега новите песни ќе ѝ ги пеам на мојата ќерка која не ми е најголем обожавател. Таа само плаче.“

Лира има неколку фаворити во каталогот со песни на нејзиниот татко, но повеќето од неговата музика не е по нејзин вкус.

“Има некои што ѝ се допаѓаат. Таа навистина ја сака Shape of You, звукот на маримба е добар, но не сака ништо гласно,“ додаде Ед.

Related posts

Полицаец од Австралија на свршувачката се лизнал, паднал и починал

CityLife

Закони против тн. „евтина мода“ првична одобрен во француското Собрание

CityLife

Новиот Џејмс Бонд критикуван затоа што се оженил со постара жена

CityLife