Што сѐ влијае на тежината на породувањето

Bremenost.webp.webp

Породувањето е едно од најинтензивните и најважните искуства во животот на жената, но исто така, е процес којшто варира од личност до личност. Додека некои жени минуваат низ него релативно брзо и без поголеми компликации, други се соочуваат со подолг и потежок тек. Поради оваа непредвидливост, често се поставува прашањето: Што сѐ, всушност, влијае на тежината на породувањето?

Тешкотиите при породувањето се под влијание на неколку фактори и може да се рече дека скоро никогаш нема само еден одлучувачки фактор, пишува порталот „Кликс (Klix)“. Најважните работи се комбинација од физички, медицински и психолошки околности.

Позицијата и големината на бебето: Ако малечкото е во правилна положба, породувањето обично оди полесно. Незгодните положби можат да го отежнат. Поголемо бебе, исто така, може да го продолжи и отежни породувањето.

Карлицата на мајката: Обликот и ширината на карлицата имаат голема улога. Ако се појави несовпаѓање меѓу големината на бебето и карлицата на родилката, породувањето, и тоа како може да биде потешко или да бара дополнителна интервенција.

Синдром на полицистични јајници и хормонски нарушувања: Ова е состојба којашто ги засега 5-10 отсто од жените. Хормонално-неурамнотежените состојби може да влијаат на големината на матката и ширината на нејзиното грло, што може да го направи породувањето подолго и потешко. Бремените жени со оваа состојба често се подготвуваат за породување однапред и добиваат третман од 36-та недела од бременоста.

Јачина и повторливост на контракциите: Делотворните и редовни контракции помагаат грлото на матката да се отвори и бебето да се спушти. Слабите или неправилни контракции можат да го продолжат породувањето.

Прво или второ породување: Вообичаено, првото породување е подолго и потешко, бидејќи телото на жената тогаш првпат се приспособува на процесот. Последователните породувања обично се побрзи.

Психолошка состојба: Страв, стрес и напнатост кај мајката може да го забави породувањето, бидејќи сѐ тоа влијае на хормоните. Смиреноста и чувството на безбедност и сигурност, на пр., напротив – го олеснуваат процесот.

Физичка кондиција и здравје на мајката: Општото здравје и состојбата на трудницата, како што се гестациски дијабетес или висок крвен притисок за време на бременоста, можат да влијаат на текот на породувањето.

Медицински интервенции: И индукцијата, епидуралната анестезија и други интервенции можат да го променат текот на породувањето – понекогаш го олеснуваат, но во некои – го продолжуваат зафатот во одредени негови фази.

Related posts

Том Круз за прв пат во филм на Тарантино

CityLife

Австралиецот не се предава! Објави нови фотографии како доказ на својата теза дека е син на Чарлс и Камилa

CityLife

Бијонсе сподели нови гламурозни фотографии

CityLife