Шестото продолжение на „Притаено зло“ ќе пристигне во ноември

Научно-фантастичната акција „Притаено зло: Добредојдовте во градот Ракун“ или Resident Evil: Welcome to Raccoon City (како што сега е и официјално насловен) нема да излезе во септември,  неговата премиера е одложена за два месеци.

Филмот треба да биде објавен на 24 ноември 2021 година наместо првичниот датум на 3 септември.

„Сони“ не даде причина за ваквата одлука, но новиот датум значи дека новиот од сагата „Притаено зло“  нема да излезе во исто време со Марвеловиот „Шанг Чи и легендата на десетте прстени“.

Resident Evil: Welcome To Racoon City е базиран на серијалот хорор видео игри и е нова верзија на филмската франшиза со Мила Јовович во главната улога на бестрашна хероина.

 

Related posts

Пет пијалоци кои се поздрави од кафето

CityLife

Организаторите на „Златните глобуси“ одобрија промени за диверзитет во своите редови

CityLife

Мерки во случај на итна помош или смрт на патник во авион

CityLife