Организаторите на „Златните глобуси“ одобрија промени за диверзитет во своите редови

20210507 goldenglobes fb.jpg

Членовите на Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA) – луѓето кои одлучуваат за „Златните глобуси“ за телевизија и филм –  во четвртокот одобрија големи промени во однос на поголем диверзитет во своите редови и решавање на поплаки за етика.

Чекорите вклучуваат ангажирање директор за диверзитет, регрутирање на афроамерикански новинари, и проширување на потенцијалните апликанти за групата странски новинари за забава.

Организацијата, исто така, гласаше за додавање на најмалку 20 нови члена на сегашните 87 годинава, и за проширување на својот список со имиња за 50 проценти во следните 18 месеци.

Одборот на здружението на странски новинари во Холивуд ги предложи измените претходно оваа недела и неговото членство ги одобри во четвртокот.

„Денешното гласање за реформа на здружението ја потврдува нашата заложба за промена“, рече претседателот на ХФПА, Али Сар.

Related posts

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

CityLife

Сина лагуна, најопасното езеро во Британија

CityLife

Моќен напиток кој го намалува холестеролот

CityLife