Шакира носеше фустан со 200.000 кристали на финалето на Светското првенство

14161399.webp.webp

Креацијата е направена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт инспириран од зајдисонцето.

Колумбиската пејачка Шакира настапи синоќа на финалето на Светското првенство во фудбал, а во таа пригода блесна во уникатна креација на модната куќа Роберто Кавали.

Таа носеше костим дизајниран од креативниот директор на брендот, Фаусто Пуглиси. Креацијата е изработена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт инспириран од зајдисонцето и рачно изработени детали за кои биле потребни повеќе од две недели работа.

Костимот е дизајниран да блеска под светлата на стадионот, но и да ѝ овозможи на Шакира да ја изведе препознатливата кореографија со која го освои светот.

Заедно со костимот, изработено е и здолниште во истите тонови со реси, додека целата креација е инспирирана од мотивот „Златен зрак“ на модната куќа Роберто Кавали.

На сцената ѝ се придружија уште 34 танчери во соодветни костими. Шакира ја надополни својата препознатлива распуштена коса со едноставна шминка, а публиката повторно ја воодушеви со својот енергичен настап.

Related posts

Оваа житарка ги топи маснотиите и го намалува шеќерот: Евтина е, се спрема брзо и лесно, превкусна е

CityLife

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

CityLife

Победниците на Евросонг јуришаат на топ-листите во Велика Британија

CityLife