Малите деца понекогаш прават работи што на возрасните им изгледаат чудно, па дури и загрижувачки. Удирање со главата, чепкање на носот, ставање различни предмети во уста или разговори со замислени пријатели се само дел од однесувањата што можат да ги збунат родителите.
Американската психијатарка Хедер Витенберг објаснува дека голем дел од ваквите навики се минливи и претставуваат нормален дел од развојот на детето.
Удирање со главата
Иако за родителите може да изгледа вознемирувачки, ритмичкото повторување на одредени движења кај некои деца има смирувачки ефект.
Доколку детето не се повредува и однесувањето не ги заменува вообичаените активности како играњето, јадењето и дружењето, вниманието може да се пренасочи кон друга активност. Ако постои ризик од повредување или однесувањето е интензивно и упорно, потребна е консултација со стручно лице.
Рацете во гаќичките
Истражувањето на сопственото тело е вообичаено кај малите деца. Наместо остро да се забранува, родителите можат смирено да постават граници и да објаснат дека одредени однесувања се приватни и не се прават на јавно место.
Чепкање на носот
За децата и носот може да биде „простор за истражување“. Наместо драматична реакција, подобро е постепено да им се објасни дека тоа не е навика што треба да ја практикуваат пред други луѓе и да се поттикнува користење марамче и миење раце.
Плишани и замислени пријатели
Некои деца се силно приврзани за одредена играчка, додека други создаваат целосно замислени пријатели со кои разговараат и играат.
Тоа најчесто е дел од детската фантазија и креативност. Прифаќањето на детската игра може да му помогне на детето да ги развива фантазијата и способноста за справување со различни ситуации.
Ставање предмети во устата
Особено кај помалите деца, устата е еден од начините за истражување на околината. Сепак, тука родителите треба да бидат внимателни поради опасност од задушување, труење или повреда.
Ако детето упорно се обидува да јаде или става во уста нечистотија или други несоодветни и потенцијално опасни предмети, треба да се разговара со педијатар.
И други необични навики
Некое дете сака постојано да носи ист костим, друго одбива одредена облека, а трето со денови може да повторува иста игра. Ваквите фази најчесто се дел од растењето и постепено исчезнуваат.
Клучно е родителите да го набљудуваат детето и да поставуваат разумни граници. Необичното однесување не мора автоматски да значи дека постои проблем, но доколку е опасно, трае долго, се засилува или го попречува секојдневното функционирање на детето, најдобро е да се побара совет од педијатар или друг соодветен стручен професионалец.
Играта и дружењето се важен дел од детството
На децата им е потребен простор каде што ќе играат, ќе се движат, ќе комуницираат со своите врсници и ќе создаваат нови пријателства.
Донесете ги вашите најмали во Family Play Park, каде што ги очекуваат игра, забава и дружење со други деца. Додека тие ја трошат својата енергија и уживаат во детскиот свет, родителите можат да одвојат време за кафе и одмор во Family Cafe.
Затоа што детството е создадено за игра, смеа, дружење и спомени што остануваат.
