Уапсен тапанарот на „Алабама шејкс“, Стивен Џонсон, под обвинение за малтретирање деца

5.jpg

Стивен Џонсон, тапанарот на американскиот рок-бенд „Алабама шејкс“ добитник на „Греми“, е уапсен под обвинение за физичко малтретирање деца.

Џонсон бил приведен во затворот во округот Лајмстоун, Алабама, во средата, пренесуваат новинските агенции.

Големата порота поведе обвинение против него за намерно мачење, злоупотреба и сурово претепување или намерно малтретирање дете на кој било друг начин.

35-годишниот Џонсон претходно во март минатата година се изјасни за виновен за кршење судска наредба за заштита од семејното насилство, издадена во округот Лајмстоун. Тој доби условна казна од една година затвор, со 24 месеци условно.

Бендот „Алабама шејкс“ паузира од 2018 година.

Related posts

Дали астрологијата е наука или само добра утеха ?

CityLife

Украинец продавал отров на самоубијци преку интернет

CityLife

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

CityLife