Трка на деца од градинки во Градскиот парк

20240404181922 Big 730x400 28.webp.webp

По повод  Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.

Ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината кои од 11 часот ќе трчаат на тартан патеката во Градскиот парк на 250 метри, во мешана категорија – момчиња и девојчиња.

 -Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри, 4 по 50 метри, соопшти ДКЦ „Карпош“.

Related posts

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

CityLife

Дејвид Швимер: Нема да има нови епизоди на „Пријатели“

CityLife

Лековитите билки се опасни?

CityLife