Три здравствени придобивки од чајот од ѓумбир кои треба да не натераат да го пиеме почесто

62181959 Caj Djumbir.jpg

Чајот од ѓумбир содржи многу хранливи материи кои позитивно влијаат на здравјето. Овој чај е еден од најчестите топли напитоци кои се препорачуваат да се пијат за време на болест, особено во комбинација со мед или лимон. Група лекари и диететичари открија неколку здравствени придобивки поврзани со редовното консумирање чај од ѓумбир, што може да ве натера да сакате да почнете да го пиете почесто.

Може да го ублажи гадењето и повраќањето

Пиењето чај од ѓумбир може да го олесни чувството на гадење во стомакот и да го намали ризикот од повраќање, пренесува Eating Well. Со ова се согласува и гастроентерологот Елена Иванина, која објаснува дека „докажано е дека ѓумбирот помага при мачнини за време на бременоста, по операција или хемотерапија и за мачнини предизвикани од прекумерно движење“.

Тоа е затоа што ѓумбирот содржи моќно соединение наречено 6-гингерол, кое помага во ублажување на мачнината со блокирање на неколку рецептори во цревата, објаснува диететичарката Еми Брајт. Како уште една причина зошто ѓумбирот помага при мачнини, диететичарот посочува дека може да помогне за побрзо варење на материите, што влијае на намалување на времето во кое се чувствува непријатност.

Може да ја ублажи болката

Брајт истакнува дека ѓумбирот „се покажа како ефикасен во намалувањето на болката предизвикана од менструалните грчеви“. Покрај тоа, редовното консумирање чај од ѓумбир е поврзано со ублажување на болката поврзано со воспаление на мускулите, мигрена, остеоартритис на коленото и хронична болка во долниот дел на грбот. Овие ефекти за намалување на болката може делумно да се должат на моќните антиинфламаторни и антиоксидантни својства на ѓумбирот.

Може да го намали воспалението

Друга здравствена придобивка поврзана со пиењето чај од ѓумбир е намалувањето на воспалението. „Различните соединенија во ѓумбирот, како што се 6-шогаол, цингерон и 8-шогаол, имаат антиинфламаторно дејство кај автоимуните болести како што се ревматоиден артритис, воспалителна болест на цревата и псоријаза“, објаснува Иванина.

Related posts

Познатата актерка за експлицитната сцена во филмот на нејзиниот син: Се чувствував ослободена

CityLife

Повеќе луѓе го следеа погребот на принцот Филип отколку венчавката на Хари и Меган

CityLife

Големо откритие: Два евтини, лесно достапни додатоци во исхраната ја подобруваат меморијата

CityLife