Танчер од англискиот национален балет прогласен виновен за сексуални напади

Поранешен главен танчер на англискиот национален балет е прогласен за виновен за сексуални напади врз негови ученички.

Јатсен Чанг извршил сексуална злоупотреба и злоупотреба на моќ врз девојки и жени од „Англискиот национален балет“ (English National Ballet) и Академијата за млади танчери (Young Dancers Academy) во Лондон во периодот од декември 2009 година до март 2016 година.

49-годишникот е осуден по 12 точки од обвиненијата за сексуален напад и една точка за напад со пенетрација.

Пресудата ќе му биде изречена во лондонскиот суд АIsleworth Crown Court на 18 јуни.

Судијата Едвард Конел му рече на Чанг дека неговиот престап ескалирал сериозно, и го предупреди дека се соочува со долга затворска казна.

Четири жени, на возраст од 16 до 18 години во тоа време, го обвинија танчерот дека несоодветно ги допирал за време на масажите во училиштата.

На поротата ѝ беше кажано дека Чанг, кој сега живее во германскиот град Кил, ја користел својата позиција како славен и почитуван балетан за да ги злоупотребува своите студенти.

„Тој верувал дека неговата слава и неговата позиција ќе го заштитат од поплаки или од последици на неговите постапки,“ рече обвинителот Џоел Смит.

Чанг ги негира сите обвинувања.

Related posts

Зак Снајдер работи на нов научно-фантастичен филм

CityLife

Ново истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон: Финансискиот стрес е најопасен

CityLife

Негувателки, секретарки и учителки главни „женски“ професии во ЕУ

CityLife