Роберт Де Ниро мора да работи напорно поради животниот стил на поранешната сопруга

Начинот на живот на поранешна сопруга на Роберт Де Ниро го принудува да работи постојано, тврди адвокатскиот тим на холивудската легенда.

Ѕвездата на „Ирецот“ се разведува од Грејс Хајтауер, а неговиот правен тим открива дека тој мора да работи со „неверојатно темпо поради жедта на поранешната Стела Мекартни“.

Во текот на виртуелното рочиште за развод во петокот (16 април), адвокатката Керолајн Краус рече: „Господин Де Ниро има 77 години и иако го сака својот занает, тој не треба да биде принуден да работи со вакво ненормално темпо затоа што така мора. Кога ќе престане тоа?“

„Кога ќе има можност да не го прифаќа секој проект што ќе му го понудат, и да не мора да работи шест дена во неделата по 12 часови во денот за да може да биде во чекор со жедта на госпоѓата Хајтауер за Стела Мекартни? Тој може да се разболи утре, и забавата ќе заврши.“

Ова доаѓа откако Де Ниро тврдеше дека претрпел финансиски удар поради пандемијата на коронавирусот.

Холивудската sвезда (77) се отвори за своите финансии на суд откако неговата отуѓена сопруга Грејс Хајтауер побара итен налог за зголемување на нејзиниот месечен кредитен лимит од 50. 000 долари на 100. 000 долари.

Тој се појави на суд преку Скајп, а неговите адвокати рекоа дека ѝ го преполовил лимитот за кредитни картички откако синџирот ресторани „Нобу“ и хотелот „Гринич“ – во кои тој има удели – беа затворени или делумно затворени со месеци среде пандемија. Адвокатката му рече на судијата дека синџирот ресторани изгубил 3 милиони долари во април и следните месеци дополнителни 1,87 милиони долари.

Таа додаде дека во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер од 2004, јасно е наведено дека тој ќе и исплатува 1 милион долари годишно доколку заработи 15 милиони долари или повеќе, а неговите исплати ќе се намалуваат пропорционално со неговиот приход.

„Според сметките и според неговиот деловниот менаџер, во најдобар случај, односно ако сè започне да се врти оваа година, господин Де Ниро ќе има среќа ако заработи 7,5 милиони долари оваа година,“ рече адвокатката.

Актерска легенда: Импресивната листа на филмски остварувања на Де Ниро го прави еден од најголемите актери на неговата генерација.

Related posts

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

CityLife

Лекарите објаснуваат зошто пукањето на зглобовите е многу штетно!

CityLife

Де Армас во врска со Пол Букадакис откако Бен се смири со Џенифер

CityLife