Реже Џин Пејџ нема да глуми во втората сезона на „Бриџертон“, фановите тажни

1e21ce80 9526 11eb a7ff 0fd91f53bf18.jpg

Главната машка sвезда на „Бриџертон“, Реже Џин Пејџ, нема да се врати во хит-серијата на „Нетфликс“ во улогата на војводата од Хејстингс за сезоната 2, на големо разочарување од многу фанови.

Веста беше објавена во петокот како напис во Society Papers на Лејди Вислдаун – популарните памфлети проткаени низ целата приказна на серијата. Овие памфлети беа викторијанска варијанта на Gossip Girl („Озборувачка“).

Британскиот актер по потекло од Зимбабве игра главна улога како Сајмон, војводата од Хејстингс – бунтовен млад ерген во алтернативниот приказ на лондонските балови од риџенси ерата.

Примамливиот, но недостижен војвода стана инстант sвезда по излегувањето на серијата. Тој предизвика глобални длабоки воздишки кај женската публика.

Веста дека Пејџ нема да се врати за втората сезона на хит-драмата ги остави фановите незадоволни.

„Ќе го нема“, напиша пејачката Дион Ворвик, придружувајќи се на многуте реакциии на социјалните мрежи.

„Бриџертон“ го гледаа 82 милиони домаќинства во првиот месец откако почна да се прикажува на „Нетфликс“, што ја прави најпопуларна оригинална серија на стриминг-платформата.

Related posts

Синот на Џејми Оливер има само 13 години, долго време готви, а сега објавува книга со рецепти

CityLife

Од Реган до Трамп, нејзиното височество кралицата со американските претседатели низ времето

CityLife

Принцот Хари наскоро би можел да се врати во Лондон, а позната e и причината

CityLife