Принцезата Шарлин од Монако е новата панк принцеза

90e764a65296b8422fa37c3b336b8250.jpg

Во 80-тите години на минатиот век, германската принцеза Глорија фон Турн беше славно наречена панк принцеза благодарение на нејзиниот ѓаволест став, одважен моден сенс и непресушна желба за забави. Титулата веќе неколку децении мируваше, но има нов наследник на престолот: принцезата Шарлин од Монако, панк принцеза за 21 век.

Tаа дебитираше со прилично добра рокенрол фризура во декември минатата година. Изглед што претходно го кристеа и селебрити-личности, вклучувајќи ги Скарлет Јохансон, Ријана и Кети Пери. Но, ваквиот стајлинг на косата не е нешто што го практикуваат кралските семејства, кои наместо да ги следат трендовите, честопати се љубители на покласичен изглед.

Сопругата на принцот Алберт од Монако, принцезата Шарлин ја замени својата вообичаена кратка фризура со избричена половина од главата, таканаречената Half-Hawk фризура.

Прекрасната принцеза со потекло од Зимбабве е во брак со принцот Алберт од 2011 година, и со него има две деца – ќерката Габриела и синот Жак Оноре.

Таа е миленичка на медиумите, секогаш плени со изборот на парчиња и е пример за вистинска елеганција. Каде и да се појави е непогрешлива со комбинациите и предизвикува воодушевување кај сите присутни.

Related posts

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци

CityLife

Американскиот суд ја забрани продажбата на два паметни часовници на „Епл“

CityLife

Два црвени аларми пред брак што не смеете да ги игнорирате

CityLife