Правните проблеми на Џони Деп го инспирираа да пишува песни

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ минатата година го тужеше британскиот весник „Сан“ затоа што го жигоса како тепач на жена поради тврдењата на неговата поранешна сопруга Амбер Херд дека бил насилен кон неа.

Џони Деп го изгуби случајот за клевета, а минатата недела лондонскиот апелациски суд му го скрати правото на жалба.

Алис Купер, пријател на Деп и член на неговиот бенд Hollywood Vampires, откри дека актерот ги канализира своите чувства во текот на целиот процес пишувајќи за нивниот бенд.

„Знам дека Џони пишуваше многу минатата година, кога целата таа работа се случуваше со него“, изјави пријателот за „Дејли бист“.

„Тоа не го спречи да оди дома и да пишува. Всушност, тоа веројатно и помогна. Очекувам неколку интересни песни“, додаде Алис.

Деп, кој поднесе посебна тужба за клевета во САД, каде што го очекува почетокот на судскиот процес, не сака драмите во неговиот личен живот да се мешаат во животот во бендот и е подготвен да се врати на турнеја со бендот.

Related posts

Закрепнвуањето по „скршено срце“ трае три месеци

CityLife

„Нетфликс“ ги откупи правата за продолжението на филмот „Knives Out“

CityLife

(Видео) Ибрахимовиќ ѕвезда и на годинешниот „Сан Ремо“

CityLife