Повеќе од пријатели? „Бенифер“ повторно на насловните страници

42920290 0 image a 8 1620863571000.jpg

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги полнат насловните страници на светските шоубиз медиуми речиси две децении по нивната разделба.

Поранешниот пар, кој медиумите го крстија „Бенифер“, објави веридба во 2002 година. Тие беа еден од најпопуларните и најфотографирани холивудски двојки пред да се разделат во 2004 година.

Бен и Џенифер ја одложија својата венчавка во 2003 година, наводно, поради претерано медиумско внимание. Лопез подоцна рече дека разделбата со Афлек е „нејзиното прво големо кршење на срцето“.

А сега, една фотографија од нив заедно во автомобил во Монтана беше повод да се најдат на насловните страници, исто како порано кога беа пар.

Тој го остави својот автомобил пред хотелот „Бел-ер“ и се префрли во нејзиниот, веројатно во надеж дека нивното рандеву ќе остане незабележано, но папараците ги уловија.

И додека сите шпекулираат за обновена романса, Бен и Џенифер не прават никакви планови за иднината.

Related posts

Дневен хороскоп за 14 април 2026

CityLife

Телеграм воведува видео и гласовни пораки кои може да се видат само еднаш

CityLife

Де Армас во врска со Пол Букадакис откако Бен се смири со Џенифер

CityLife