Побарал ДНК тест за синот бидејќи „не личел на него“ – резултатот го шокирал, а сопругата бара развод

Img 2722.jpeg

Маж на возраст од 37 години, кој 12 години бил во брак, останал без семејството откако побарал ДНК тест за своето средно дете, убеден дека момчето не е негов син бидејќи не личело на него.

Како што самиот раскажал на форумот Reddit, со години го мачел сомнежот затоа што најстарото и најмалото дете имале слични црти со него, додека средниот син изгледал поинаку.

Тој решил да направи тест за татковство, убеден дека така конечно ќе ја дознае вистината. Иако сопругата жестоко реагирала на барањето, тестот сепак бил направен.

Резултатите покажале дека тој навистина е биолошки татко на детето. Но наместо олеснување, следел нов удар – сопругата соопштила дека сака развод.

Според неговото сведочење, таа му рекла дека повеќе не може да му верува, бидејќи ја обвинил за неверство и го повредил нивниот син, кој почнал да се прашува дали таткото го мрази.

Мажот признал дека не бил свесен дека различно се однесувал кон средното дете, но сопругата му посочила дека тоа било очигледно за сите околу нив.

Неговата објава предизвикала бројни реакции на Reddit, каде повеќето корисници застанале на страната на сопругата. Тие оцениле дека проблемот не е во ДНК тестот, туку во недовербата и начинот на кој се однесувал кон сопственото дете.

Related posts

Алармантен број на постари лица страдаат од недостаток на два клучни витамини

CityLife

Парис Хилтон ќе ја прикаже свадбената церемонија во документарец

CityLife

Коренот на едно растение засекогаш ќе ве ослободи од стресот

CityLife