„Пикок“ го презеде документарецот на Бред Пит

43993795 0 image a 412 1623197537735.jpg

Стрим-платформата „Пикок“ го откупи документарниот филм „Граѓанска војна“ во продукција на Бред Пит.

„Граѓанска војна“ со оригинален наслов Civil War (Or, Who Do We Think We Are) ќе биде премиерно прикажан на стриминг сервисот NBCUniversal на 17 јуни, само неколку дена пред празникот што го одбележува укинувањето на ропството.

Филмот во кој Бред Пит и Хенри Луис Гејтс Џуниор се извршни продуценти, потоа ќе биде објавен на MSNBC во октомври и ќе биде достапен во ограничено кино-издание почнувајќи од 11 јуни.

„Филмот во режија на Рејчел Бојтон патува низ САД за да истражи како Американците ја раскажуваат приказната за својата граѓанска војна,“ наведено е во описот на филмот.

„Снимен од последната година на претседателскиот мандат на Обама до сегашноста, документарецот преплетува проникливи сцени и интервјуа снимени на Северот и Југот, отсликувајќи уникатно изработен портрет на американската психа и длабоките корени на нејзините турбулентни времиња.“

Related posts

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

CityLife

Дневен хороскоп за 5 мај 2026 година

CityLife

Мариа Дибиаџо од Ранковце номинирана за наградата Европска жена на годината 

CityLife