Оваа европска земја ги субвенционира патување за пензионерите

2020 07 10 16 26 1924 .jpg

Шпанија од 2021 година спроведува програма за субвенционирани одмори за пензионери, која се нарекува ИМСЕРСО по шпанскиот институт за социјални услуги и стари лица, пренесува euronews. Програмата е отворена за шпански државјани, како и за странци кои живеат во Шпанија.

Субвенционираните патувања чинат меѓу 115 и 455 евра. Најголем дел од субвенционираните патувања се во периодот од октомври до јуни.

Програмата е отворена за жители на Шпанија кои исполнуваат некои од следниве услови:

-Тие се во пензија и земаат шпанска државна пензија.
-Вдовица/вдовец има 55 или повеќе години и добива пензија на починатиот партнер.
-Имаат 60 или повеќе години и добиваат бенефиции за невработеност.
-На возраст од 60 или повеќе години и добиваат помош од шпанскиот систем за социјално осигурување.

Програмата им дава приоритет на постарите луѓе во тешки финансиски ситуации, кои имаат бенефиции за попреченост или поголеми семејства. Приоритет имаат и кандидатите кои првпат аплицираат за програмата.

Повеќето од достапните тури се до дестинации во Шпанија, а мал број од нив се до дестинации во Португалија. За 115 евра пензионерите можат да престојуваат во внатрешноста на Шпанија до 4 дена, а за 455 евра 10 дена можат да посетуваат дестинации како Канарските или Балеарските Острови. Годинава се достапни 886.269 места.

Дали програмата ќе се прошири и на остатокот од Европската унија?

Шпанските власти се надеваат дека проектот ќе се прошири и во остатокот од Европската унија.

Шпанскиот министер за туризам, Фернандо Валдес, рече дека доколку другите европски земји воведат слични проекти, милиони европски пензионери ќе можат да уживаат во патувањата. Шпанија продолжува да го проширува својот проект. Последното дополнување беше воведувањето на програма за хидротерапија, со која се субвенционираат посетите на бањите низ државата, кои инаку често се прескапи за пензионерите.

Related posts

Гвинет Палтроу позира топлес во реклама за сопствен накит

CityLife

Почнува продажбата на билети за 27-та Златна бубамара на популарноста

CityLife

Принцот Чарлс и Камила обележаа пресвртница за грчката независност во дводневна посета на Атина

CityLife