Почнува продажбата на билети за 27-та Златна бубамара на популарноста

Poster 2024.jpg

Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание

на Златна бубамара на популарноста, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која

оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи се што ветила во

рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе

на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.

Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба од 12 часот преку сервисите на

https://www.karti.com.mk и https://mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27-та Златна

бубамара на популарноста. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти

и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и

потписи.

Од организацијата на Златната Бубамара најавуваат незаборавен спектакл од 3 часа. Да се

чекираме на бубамарскиот лет број 27. Набавете си на време карта за убаво расположение

Related posts

Како да ја подобрите меморијата

CityLife

Родригез изненаден од веста за Џеј Ло и Бен Афлек

CityLife

Гугл подготвува одлична нова опција „Заокружи и пребарај“

CityLife