На повидок нова комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс

20210412 juliarobertsandgeorgeclooney reuters.jpg

Новиот филм со Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“, треба да излезе следната година.

Двете ѕвезди на „Money Monster“ и „Ocean’s Eleven“ повторно ќе се здружат за претстојната романтична комедија во режија на Ол Паркер, каде ќе глумат разведен пар кој патува на Бали за да ја спречи својата ќерка да стапи во брак.

Били Лурд ја глуми ќерката, која престојува на Бали и ја пронаоѓа својата романса со локален лекар.

„Варајети“ објави дека филмот ќе се појави во киносалите во САД на 30 септември 2022 година.

Снимањето треба да започне во Австралија подоцна оваа година.

Related posts

Шест месеци по колапсот на бракот: Поранешната прва дама на Канада Софи Грегоар Трудо повторно заљубена

CityLife

Скарлет Јохансон се надева дека „Црната вдовица“ ќе понуди расплет за фановите на Марвел

CityLife

Хороскоп за 24 март: Шанса за љубов за Близнаците, нервоза за Скорпијата

CityLife