На модна ревија во Милано манекенките гаѓани со јајца и ѓубре

Manekenki Gjubre Revija.jpg

За време на Модната недела во Милано се одржа ревија на револуционерниот бренд AVAVAV, познат по своите бизарни ревии. Овој пат отидоа чекор понатаму и приредија шоу, на кое публиката фрлаше супа, јајца, кори од банана и ѓубре по манекенките.

Како што манекенките излегуваа, на екраните беа прикажани пораки од тролови што ги добила дизајнерката Беате Карлсон, и иако публиката првично се двоумеше да ги таргетира моделите, како што одминуваше шоуто, сè повеќе од нив се приклучија во процесот. На пистата имаше сè повеќе и повеќе ѓубре, а една манекенка се лизна.

На самиот крај на ревијата дизајнерката Беате Карлсон излезе и ѝ се поклони на публиката, а потоа сопругот на извршната директорка на брендот ја удри со пита по лицето.

Ревијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, а не недостигаа и смешни коментари.

Related posts

Сценариото на Харисон Форд од „Војна на ѕвездите“ продадено за околу 12.500 евра: Го пронашла брачна двојка во стан

CityLife

Словенечки хотел го продава креветот на кој спиел Кристијано Роналдо

CityLife

„Ер Њу Зиланд“ воведува кревети на спрат во економската класа, со забрана за грицки и гушкање

CityLife