На кров во Лондон, хорот на Кралската опера со уникатна изведба

Облечени во палта и со славните знаменитости на Лондон зад нив, членовите на хорот на Кралската опера, Royal Opera Chorus, пеат фрагмент од операта „Трубадур“ на Џузепе Верди од 1853 година на нивното прво собирање по една година.

Одвоени поради мерките за физичко дистанцирање во услови на пандемија, 25-те пејачи се собраа на покривот на Кралската опера во лондонскиот Ковент Гарден.

Нивниот перформанс, кој исто така го вклучува и завршниот рефрен од „Волшебната флејта“ на Волфганг Амадеус Моцарт, ќе биде емитуван на Фејсбук страницата на Кралската опера на Велики петок, додека местото се подготвува да ја пречека публиката во мај.

„Станува збор за поздравување на Велигденскиот празник и поздравување на светот по долгиот локдаун“, изјави за „Ројтерс“ американскиот диригент Вилијам Спалдинг, кој го води хорот на Кралската опера.

Related posts

(ВИДЕО) Почна карневалот во Рио де Жанеиро

CityLife

Меган Maркл ќе објави детска книга заснована на сопругот Хари и синот Арчи

CityLife

Реј-Бан очилата на Мета ќе бидат подобрени со вештачка интелигенција

CityLife