Германците воведоа казни до 25 илјади евра за правење скара на јаглен на балкон

Images 1 1.jpg

Високите, речиси летни температури не намамија сите надвор, што значи и дека започна сезоната на скара. Но, ако живеете во Германија и сакате да правите скара на вашиот балкон, мора да го почитувате новото правило доколку не сакате да платите казна.

Германските медиуми пишуваат дека најголем проблем пртставуваат скарите на јаглен. Имено, премногу чад од скара на јаглен не само што може да им предизвика непријатности на соседите, туку може да ги прекршите и германските закони за заштита на животната средина.

Доколку печењето на скара предизвика штета на животната средина поради премногу чад, може да се изречат казни до 25 илјади евра. Освен тоа, ако тоа се прави често, тоа може да доведе и до судски случаи.

Германските медиуми предупредуваат дека граѓаните треба да внимаваат да не предизвикуваат сериозни проблеми и да ги почитуваат важечките прописи.

Related posts

Во срцето на „земјата на убавите коњи“: Кападокија подготвува голем коњанички фестивал

CityLife

Виола Дејвис со часови разговара со Мишел Обама додека се подготвува за новата улога

CityLife

Кристијан Бејл со проект за изградба на живеалишта за деца на кои им треба згрижување

CityLife