Направете домашен омекнувач: Потребни ви се само 4 евтини состојки

Img 1584.webp.webp

Секоја домаќинка сака нејзините алишта секогаш да бидат миризливи и чисти. Сепак, се повеќе луѓе сакаат да користат природни средства, бидејќи се покажаа како одлична замена за куповните кои во повеќето случаи се поскапи и можат да предизвикаат иритација кај луѓето кои имаат чувствителна кожа.

Сигурно сте слушнале дека алкохолниот оцет е совршена замена за купениот омекнувач, бидејќи им дава свежина на алиштата и го засилува мирисот на прашокот, додека неговиот мирис целосно исчезнува при перењето.

Ако сакате да направите домашен омекнувач, оцетот ќе ви послужи како клучна состојка, а другите три сигурно ќе ги имате дома.

Состојки:

100 гр сода бикарбона

150 мл топла вода

800 мл алкохолен оцет

Етерично масло по желба

Подготовка:

Во голем сад измешајте ги водата и оцетот и полека додавајте ја сода бикарбоната, мешајќи постојано.

Подгответе го пакувањето во кое ќе го чувате омекнувачот, а потоа истурете ја добиената смеса. Додадете пет капки есенцијално масло по желба, затворете и добро протресете.

Чувајте ја смесата во затворен сад и користете ¼ кафена шолја за секое перење.

Related posts

По четири години – нов соло сингл на Ед Ширан

CityLife

Кој број го гледате? Оптичка илузија ги збуни корисниците на социјалните мрежи

CityLife

Цвеклото има широк спектар на делување! Еве ги бенефитите за организмот!

CityLife