Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка

Човекот кој ја водеше кариерата на Бритни Спирс во последните 25 години се повлекува од функцијата нејзин менаџер.

Лери Рудолф, кој ѝ помогна на Спирс да го обезбеди првиот договор за снимање, рече дека намерата на sвездата официјално да се пензионира го натерала да се повлече

Овој потег следи две недели откако Спирс му откри на судијата во Лос Анџелес дека била принудена да настапува спротивно на нејзината волја.

Таа во моментов се обидува да стави крај на таканареченото конзерваторско старателство што управува со нејзиниот живот и финансии од 2008 година.

Рудолф ја објави својата намера да се повлече со писмо до таткото на sвездата, Џејми Спирс и ко-старателот Џоди Монтгомери.

„Поминаа повеќе од две и пол години откако Бритни и јас последен пат комунициравме, во кое време таа ме извести дека сака да направи пауза на неопределено време,“ напиша тој.

“Претходно денес, дознав дека Бритни ја изрази својата намера официјално да се пензионира. Како нејзин менаџер, верувам дека е во најдобар интерес на Бритни да се повлечам од нејзиниот тим, бидејќи моите професионални услуги повеќе не се потребни”.

Related posts

Шеќерот е неопходен, но колку всушност е доволно на ден?

CityLife

Ќерката на Ед Ширан плаче кога тој пее

CityLife

Омилената чанта „Гучи“ на принцезата Дијана доби модерна преобразба

CityLife