Сара Роуз Чолмондели, Маркиза од Чолмондели, моментално е во епицентарот на „земјотресот“ што го погоди кралското семејство по болеста на Кејт Мидлтон, нејзиното мистериозно исчезнување и фотошопираните фотографии. Убавата Маркиза, поранешната манекенка Сара Роуз е во центарот на вниманието на светската јавност бидејќи повторно сите зборуваат за неа како љубовница на Вилијам и ја обвинуваат за „исчезнувањето“ на Кејт.
Откако принцот Вилијам на своите официјални социјални мрежи го објави овековечениот семеен момент на принцезата од Велс и нивните три деца, што предизвика бројни контроверзии, и повлекувањето на фотографијата од веб-страниците на најголемите агенции поради очигледното фотошопирање, одеднаш папараците ги фотографираа принцот и принцезата од Велс во автомобил пред замокот Виндзор.
Меѓутоа, во атмосферата на скршена доверба, несмасни потези и сè погласни прашања – што се случува со Кејт и каде е сега – малкумина веруваа дека зад темните прозорци на задното седиште од автомобилот е навистина Кејт. Сега сите веруваат дека покрај британскиот принц Вилијам е всушност Лејди Роуз.
Лажни фотографии
Сара Роуз Чолмондели (39) е поранешна манекенка која некогаш работела во ПР тимот на конзервативниот пратеник Мајкл Гоув како истражувач, но сега го користи своето „деловно време“ за да управува со имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, 7-ми маркиз од Чолмондели.
Двојката има три деца – близнаците Александар Хју Џорџ Чолмондели, Ерл од Роксавиџ и Лорд Оливер Тимоти Џорџ Чолмондели, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис Марина Алин Чолмондели. Лејди Сара го запознала Дејвид, кој е 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавија свршувачката шест години подоцна, ден пред интимната свадбена церемонија во 2009 година. Нејзиниот татко Тимоти Ханбери бил веб-дизајнер, а нејзината мајка Ема Ханбери била моден дизајнер.
Афера со Вилијам и речиси развод?
Со години се шпекулира дека имаат афера Марчионката на Чолмондели и принцот Вилијам, а исто така се појавија тврдења дека Дејвид Чолмондели се разведува од Роуз бидејќи тој всушност не е татко на нивното најмало дете туку – Вилијам.
Ниту оваа вест не е потврдена, но некои извори тврдат дека е можно бидејќи Роуз и Вилијам наводно почнале да се гледаат во 2014 година, а таа забременила кон средината на 2015 година. За прв пат за оваа афера се шпекулираше во 2019 година, кога Кејт беше бремена по трет пат.
Порталот „Марка“ пред крунисувањето на кралот Чарлс објави дека тој сака да биде присутна Лејди Роуз, додека Кејт дала услов да нема никаква комуникација со неа доколку е таму. И токму овој ултиматум мотивираше многумина да размислуваат за тоа дека има вистина за аферата на Лејди Роуз и Вилијам.
Британскиот „The Sun“ ги објави првите сомнежи за романсата на Вилијам и Сара. Сара и Кејт беа добри пријателки на почетокот, но тоа веќе не е така, напиша „Newidea.com.au“.