Колку траат хороскопските знаци во врска: Бикот сака до крај, Лавот брзо му здосадува

Овен
Луѓето родени во знакот Овен се многу страствени, брзо се за вљубуваат и сакаат со целото свое срце. Сепак, тие заминуваат веднаш штом страста исчезне во врската. Инаку, врската со Овен е страсна и динамична, но и полна со кавги, расправии и непромисленост. Тие често знаат како да западнат во „маѓепсаниот круг“ на мирење и расправии и да останат во такви односи долго време.

Бик
Луѓето родени во знакот на Бик се олицетворение на лојалност и не сакаат да оставаат. Тие не се за вљубуваат лесно, но кога некој ќе влезе во нивното срце,  ќе го негуваат и ќе го сакаат до крајот на животот. Сензуалноста е исклучително важна во нивната врска.

Близнаци
Не се склони да остават партнер, почесто партнерот ги остава нив. Имаат тенденција да флертуваат со други и на некој начин уживаат кога ќе предизвикаат љубомора. Длабоко во себе, се многу лојални.

Рак
Луѓето родени во овој знак сакаат мирни, стабилни и долги врски, по можност до крајот на животот. Уморни се од сомнителни луѓе и чувство на несигурност во врската. Тие често го поминуваат својот живот со својата прва љубов. Не се склони кон прељуба.

Лав
Луѓето родени во знакот Лав се малку претпазливи кога станува збор за влегување во врска. Тие нема да се вљубат веднаш, но кога тоа ќе се случи, влегуваат во врска речиси сонувачки. Се препуштаат на емоциите, страстите, целосно се предаваат на партнерот. Но, брзо им здосадува, па врските не траат подолго од една или две години.

Девица
Девиците уживаат најмногу на самиот почеток на врската, се додворуваат и освојуваат партнер. Подоцна тие многу го ценат чувството на сигурност во долгите врски.Тие не се склони кон флерт и прељуба затоа што не се физички типови, туку се духовни.

Вага
За припадниците на овој знак, љубовните врски се засноваат на пријателство и тие ќе влезат во долга, сериозна врска само доколку се задоволни од физичкиот изглед на нивниот партнер и неговата склоност кон дружење и доаѓање на социјални настани. Имено, Вагите се вистински естети. Ценат фини, убави и луксузни работи.

Скорпија
Иако се многу страствени и водени од физичка енергија, Скорпиите се многу лојални партнери. Тие се харизматични и привлечни за другите, така што врската со нив не е лесна, може да биде исполнета со чувства на љубомора и несигурност. Ова е токму причината зошто многу од нивните врски завршуваат со распад. Совршен партнер за припадниците на овој знак е некој сигурен во себе, некој на кој може да се потпрат.

Стрелец
Тие се многу неодлучни кога станува збор за избор на партнер. Имаат тенденција да анализираат, размислуваат, измерат … во сè и во љубовните врски. Кога ќе започнат врска со некого, често не се сигурни дали таа личност е вистинскиот избор. Имаат проблеми со поврзување, понекогаш се нестабилни во љубовта, а животот ќе го поминат со некој што ќе им даде слобода и пред сè е нивен пријател.

Јарец
Тие се многу неодлучни кога станува збор за избор на партнер. Имаат тенденција да анализираат, да размислуваат имерат во љубовта. Кога ќе започнат врска со некого, често не се сигурни дали таа личност е вистинскиот избор. Имаат проблеми со врската, понекогаш се нестабилни во љубовта и ќе го поминат животот со некој што ќе им даде слобода.

Водолија
За да трае нивната љубовна врска, мора да имаат покрај себе партнер кој им е исклучително интересен и предизвикувачки, во никој случај не досаден. Потребен им е некој поради кој нема да мора многу да се менуваат или прилагодуваат. Водолиите сакаат различност и се плашат од монотон брачен живот.

Риба
Припадниците на овој знак се најверните партнери на Зодијакот. Тие се олицетворение на лојалност и сонуваат да го поминат животот со еден партнер. Многу романтични и упорни. Тие можат да акумулираат фрустрации подолго време, но кога ќе достигне една граница, тогаш ги земаат работите и заминуваат.

Related posts

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

CityLife

Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка

CityLife

Нумеролошка прогноза за пролет 2024: што не треба да се прави во овој период

CityLife