(Видео) Крис Прат со апел пред дебито на „Утрешната војна“: Исклучете ги мобилните телефони

Chris pratt. ap.jpg

Додека вонземјаните планираат да го уништат светот, тим од земјани патува кон иднината за да ги запре.

Во филмот The Tomorrow War Крис Прат глуми млад татко кој е подготвен за мисијата. „Парамаунт пикчрс“ првично планираше блокбастерот да се појави во киносалите, но, наместо тоа, му го продаде на „Амазон“ за 200 милиони долари.

Како и да е, Прат сака публиката да го доживее филмот на најдобар можен начин дома – што значи исклучување на мобилните телефони.

„Дајте си го тој подарок, искрено“, рече Прат преку „Зум“. „Кога давате пари за да одите во кино … купувате двочасовно бегство од вашиот телефон и мислам дека можете да си го дозволите тоа дома ако сте малку дисциплинирани“.

Прат го потретира ликот Дан Форестер, кој се бори против злобни вонземјани што јадат луѓе.

„Утрешната војна“ ќе започне да се емитува на „Амазон прајм видео“ на 2 јули.

Related posts

Се снима ново продолжение на Бриџит Џонс, една од главните ѕвезди нема да биде таму

CityLife

Зошто Роналдо си ги лакира ноктите на нозете

CityLife

Јапонските научници предупредуваат: Зјапањето во екранот го зголемува ризикот од аутизам кај децата

CityLife