Киану Ривс на прошетка низ Берлин пред да започне снимањето на „Џон Вик 4“

Киану Ривс беше забележан во Берлин, пред почетокот на продукцијата на четвртото продолжение од серијалот „Џон Вик“.

56-годишниот актер, еден од најомилените во Холивуд, се чини дека ужива во свежиот пролетен воздух додека се шета со друг член на екипата.

Актерската екипа и течничкиот персонал на претстојниот филм се подготвуваат за стартот на снимање на најновиот од акционата сага. Развојот на четвртиот филм официјално започна кратко по објавувањето на третиот, „Џон Вик 3: Парабелум“, во мај 2019 година.

Во април минатата година, режисерот на серијалот Чед Стахелски истакна дека креативниот тим на проектот, од самиот почеток, ја поставил скалата многу повисоко за претстојниот филм.

Ривс треба да ја повтори својата иконска улога како титуларен лик на серијалот, немилосрден одмаздник, кој се одмаздува за убиството на неговото сакано куче.

Компанијата „Лајонгејт“, која стои зад блокбастер-франшизата, планираше да почне да го снима и петтото продолжение на овој филм уште пред да излезе четвртиот дел.

Додека „Џон Вик 4“ беше во претпродукција, „Лајонгејт“ го најави и петтиот дел, но, пандемијата ги поремети плановите.

 

Related posts

Над 90 Американци починаа по естетска операција во Доминиканската Република, најмногу при бразилско подигнување на задникот

CityLife

Халид Бешлиќ стана жртва на интернет измама: „Рекламирал“ сода бикарбона која лечи дијабетес

CityLife

Гал Гадот ќе глуми и продуцира научно-фантастична романса

CityLife