Истражување: Галењето со куче води кон помал стрес и поголема концентрација кај човекот

КУЧЕ.webp.webp

Се вели дека кучето не е само домашно милениче, туку и член на семејството…  А пак, времето минато во игри и галење со куче го намалува нивото на стрес и помага за поголема концентрација, покажува ново истражување објавено во списанието „Плос уан“ (Plos One).

Д-р Онијо Јо од Универзитетот на Конкук во Јужна Кореја и неговите колеги проучувале 30 возрасни лица кои носеле електроенцефалографски (ЕЕГ) електроди и изведувале осум активности со куче. Испитувани се хормоналните промени пред и по играњето со кучиња, како и мозочната активност на луѓето. Сѐ тоа открива дека минувањето време со своето милениче ги засилува мозочните бранови коишто се поврзани со концентрацијата и опуштањето.

Истражувачите го проучувале мозочната активност на луѓето додека учествувале во своите активности со кучињата – емоционалната состојба, стресот итн.

„Нашата студија покажува дека интеракциите со животните, како што се игра, шетање, масирањето и дотерувањето кучиња, имаат позитивно влијание врз луѓето. Ова укажува дека одредени активности предизвикуваат опуштање, емоционална стабилност, внимание, концентрација и креативност“, се вели во научниот труд.

Преку субјективна проценка на расположението, резултатите откриваат дека играта со кучињата го намалува стресот кај човеот и поттикнува позитивни емоционални одговори.

Битно: Иако сите учесници немаат свое милениче, сите тие сакаат животни. Авторите забележуваат дека поради ова може да има одредена пристрасност во испитувањата.

Related posts

Досега непознато морско суштество откриено во британските води

CityLife

Кралот Чарлс го отвора Балморал за јавноста: За 175 евра ќе добиете и чај

CityLife

Што откриваат генетските истражувања за наследството на интелигенцијата

CityLife