Зошто е важно појадокот да содржи протеини

D8ee69fb468f7aab315d2887dcc1d843c2c7c136.jpg

Ако го започнувате денот со слатка кифла или ѓеврек и се прашувате зошто сте поспани во 10 часот, има причина. Започнувањето на денот со појадок богат со протеини може да биде моќен начин да помогнете во управувањето со вашата енергија за да бидете сити до ручек.

Протеинот е еден од трите макронутриенти кои го сочинуваат најголемиот дел од нашата исхрана, заедно со јаглехидратите и мастите, и извршуваат доста важни функции.

Протеинот може да се најде во секоја клетка од вашето тело – вели нутриционистката Ејми Шапиро за Real Simple и додава

-Јадењето протеини, исто така, може да ви помогне да се чувствувате посити подолго време и да го балансирате нивото на шеќер во крвта, што значи дека кога ќе го започнете денот со појадок богат со протеини, можете да се збогувате со утринскиот енергетски пад што ве „тера“ да посегнете по шолја кафе.

Се препорачува да започнете со цел да консумирате 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина дневно. Сепак, оваа бројка не е единствена за сите и може да се зголеми или намали врз основа на нивото на вашата активност, вашето здравје и вашите нутритивни цели.

Појадок со висока содржина на протеини

Омлет
Јајцата се омилена храна за појадок за многу луѓе и одличен здрав избор кога се обидувате да внесете дополнителна доза на протеини наутро. Јајцата се богати со холин и витамин Д и се целосен протеин. Едно јајце содржи 7 грама протеини, па ако направите омлет со две јајца и многу зеленчук, ќе имате 14 грама протеини во комбинација со влакна, витамини и минерали – одличен начин да го започнете денот.

Грчки јогурт со семе од чиа и малини
Грчкиот јогурт обезбедува 14 грама протеини по порција, што ќе ви помогне да ја добиете вашата дневна доза на протеини.

Чиа пудинг
Чиа семето содржи мноштво здравствени придобивки, вклучувајќи влакна, здрави масти, магнезиум и, се разбира, протеини. Кога се комбинираат со течност, чиа семето формираат пудинг сличен на гел кој е богат без да биде тежок.

Related posts

„Брит авордс 2021“: Воведен двоен трофеј за победници

CityLife

(Видео) „Игра на тронови“ објави нов трејлер за осмата и последна сезона

CityLife

Николас Кејџ и новата сопруга прошетаа по холивудскиот Булевар на славните

CityLife