Најстариот човек на светот има 112 години и живее во Порто Рико, објавија од Гинисовата книга на рекорди.
Емилио „Дон Мило“ Флорес Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико
„Флорес Маркез е роден на 8-ми август во 8-та година на 20-тиот век,“ рече Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди.
Како втор најстар од 11 деца, Флорес Маркез од рана возраст работел на фарма со шеќерна трска на неговиот татко. Тој бил одговорен за наводнување и утовар на шеќерната трска во вагоните за транспорт. Како првороден син на неговото семејство, тој исто така беше задолжен за домаќинството и им помагал на браќата и сестрите.
„Јас бев најстариот, затоа правев сè. Чистев, се грижев за браќата и за сè друго што беше потребно,“ рече Флорес Маркез.