Загадувањето на воздухот, освен физичкото здравје може да ја наруши и човечката психа

Zagaden.jpg

Сè поголем број научни студии покажуваат дека токсичните ПМ 2.5 честички во воздухот, освен физичкото здравје на луѓето ја загрозуваат и човековата психа, создавајќи многу ментални нарушувања, меѓу кои се депресија, анксиозност и други.

– Загадувањето на воздухот не треба да се гледа само како еколошки и физички проблем, туку и како ризик за менталното здравје на човекот, предупредуваат научниците, објаснувајќи дека токсичните честички, не само што навлегуваат во крвотокот, туку дел од нив можат да стигнат и директно до мозокот преку олфакторниот нерв, создавајќи хронична невроинфламација и оксидативен стрес.

Хроничната невроинфламација претставува реакција на имунолошкиот систем по присуството на туѓи честички која може да доведе до долготрајни воспалителни процеси во мозочното ткиво. Оксидативниот стрес пак, подразбира оштетување на клетките поради акумулација на слободни радикали, што може да влијае врз рамнотежата на невротрансмитерите, како што се серотонинот и допаминот.

По спроведените истражувања врз голема група испитаници од различни возрасни категории, е докажано дека долготрајната изложеност на високи концентрации на штетни гасови и честички е причина за појава на депресија и анксиозност. Особено загрижувачко е влијанието врз децата и адолесцентите чиј организам и мозок сè уште се во развој, со што може да се зголеми ризикот од развој на проблеми во однесувањето и тешкотии во учењето.

„Во деновите со екстремно високи нивоа на загадување, има значително зголемување на бројот на итни приеми во психијатриски установи, како и пораст на користење антидепресиви и анксиолитици“, се наведува во медицинските извештаи.

– Граѓаните сè почесто преземаат мерки за заштита од загаденоста, но решението мора да е системско, односно проширување на зелените површини во градовите, како и употреба на обновливи извори на енергија, советуваат експертите. 

Related posts

„Гугл“ најави нови отпуштања во 2024 година, сака да ги пренасочи парите за развој на Al

CityLife

Кендар Џенер со жешки кадри- позираше речиси гола, а фановите полудеа

CityLife

Хари не сакал да биде во иста просторија со Камила кога разговарал со својот татко за ракот?

CityLife